Во полициски контроли низ Полошко приведени осум странски државјанки

Од:

Во две контроли кои ги спровела полицијата низ угостителски објекти низ Полошко, откриени се повеќе женски лица кои работеле како танчерки и пеачки.

Според МВР, утрово во гостиварското село Чегране, во угстителски објект сопственост на 42 годишно лице од Чегране, при акциска контрола, биле приведени 11 женски лица од кои седум од Албанија, една од Косово и три од РС Македонија. Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во втората акција во тетовско Желино во угостителски објект сопственост на 42 дишно лице полициските службеници привеле три албански државјанки.

При фотодокументирање на настанот од крим – техничар од СВР-Тетово, 48 годишно лице од Желино кој бил гостин во објектот го нарушил јавниот ред и мир, поради што и тој бил приведен.

Во поведената постапка против сите приведени ќе се утврдува нивна инволвираност во можна трговија со луѓе и нелегален престој во земјава. По завршувањето на постапките, странските државјанки ќе бидат предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена