Во подем нарушувањето на приватноста на социјалните мрежи, младите најзасегнати

Од:

Запознавање со ризиците, но и опасностите од заштитата на личните податоци, како и со механизмите за реакција во случаи кога приватноста е нарушена, е целта на предавањата во неколку средни скопски училишта со кои Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) денеска го одбележува 28 јануари – Европскиот ден за заштита на податоците.

Директорот на Дирекцијата Димитар Ѓеорѓиевски по посетата на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“, изјави дека според нивната статистика, фејсбукот убедливо води во однос на повредите на личните податоци. Две третини од сите повреди на приватноста регистрирани во 2012 година се на социјалните мрежи, како фејсбук, твитер и други социјални медиуми со кои физичките лица комуницираат во земјата и надвор од неа.

– Се обраќаме кон популацијата на ученици од средните училишта со цел уште еднаш да укаже кои се дозволените основи, но кои се и забранетите активности насочени кон зачувување на својата приватност, но и штитење на личните податоци на нашите пријатели, другари, роднини и на сите оние со кои секојдневно стапуваме во комуникација, пред се преку социјалните мрежи кои со напредокот на техниката не окупираат катадневно. Затоа настојуваме преку едукација да ги запознаеме оние кои се најголеми учесници во социјалните мрежи, рече Ѓеорѓиевски.

Злоупотребите, додава, најчесто се вршат преку хакирање на профили и изнесување на содржини од лица кои што со недобронамерни изјави придонесуваат за повреда на приватноста. Дирекцијата по приемот на ваквите барања за заштита на приватноста, со поддршка на јавните мрежи ги брише профилите кои се пробиени, односно хакирани, или пак поведува соодветна иницијатива за кривична постапка, со оглед дека заштитата на личните податоци е казниво дело според Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он