„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани Фејсбук на вработените

Од:

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените, оти како што вели, тие наместо да работат си пишувале статуси и се снимале за да објават на интернет. Тој смета дека со оваа забрана ќе ги дисциплинира вработените во СОЗР.

„Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас како прв човек знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено ‘Фејсбук’ пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време“, вели Мирчески за „А1он“.

Новината е воведена во средата. Мирчески пак тврди дека тие што не ги извршуваат работените обврски ќе бидат санкционирани согласно законот.

„Можеби пишувале и објавувале од приватните телефони, ама јас правам тоа што можам. Јас не знам зошто се жалат. Практично, тие самите признаваат дека ништо не работеле“, додава тој.

Службата со која раководи Мирчески извршува сметководствено-финансиски работи, набавки на опрема за Владата, тековно одржување и обезбедување на објектите, набавка на канцелариски материјали, тонери, тоалетна хартија, средства за хигиена и други работи и услуги од општ карактер.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите