Во петок врачување на уверението за нов мандат на Иванов

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Никола Рилкоски во петок ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.

За Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ова ќе биде втор претседателски мандат.

ДИК на денешната седница ги соопшти конечните резултати од гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април. Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 398.077 гласови. На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on