Во Охрид се одржа состанок за заштита на биолошката разновидност

Од:

Во Охрид денеска се одржува иницијален состанок за поддршка и проширување на системот на национални заштитени подрачја и овозможување услови за ефективно управување и вклучување на прашањата за биолошка разновидност во различни происводствени предели.

Состанокот е дел од акивностите на Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на програмата на Обединетите нации за живона средина (УНЕП) со седиште во Виена, финансиски поддржани од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Целта на новоодобрениот проектен концепт, според заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, е да се поддржи системот на национални заштитени подрачја и да се овозможат услови за ефективно управување и вклучување на прашањата за биолошката разновидност во различни производствени предели.

– Очекувам дека сите засегнати страни ќе се вклучат и ќе придонесат за имплементација на новиот проект, кој ќе овозможи Република Македонија да продолжи во своите напори преку спроведувањето национални активности да влијае во глобални рамки за заштита на биолошката разновидност и намалување на деградацијата на земјиштето, рече Темелковски на отворањето на состанокот.

Пиер Карло Сандеи, петставник од Канцеларијата на УНЕП смета дека состаноците биле продуктивни и има голема посветеност од македонска страна, како и подготвен кадар кој ќе помогне за соочување со проблемите.

Проектниот концепт е изработен од УНЕП, а одобрен на почетокот од годината ГЕФ. Проектниот документ треба да биде изработен до крајот на оваа година и да биде одобрен од ГЕФ, а ќе се спроведува во наредните четири години за што предвидени се над три милиони долари.

ГЕФ е најголем еколошки фонд, кој обезбедува средства за државите во развој и за државите со економии во транзиција за покривање на зголемените трошоци и обврски за заштитата на животната средина. Македонија соработува со ГЕФ од 1996 година и има искористено на 20 милиони долари за национални проекти и учествувано во регионални проекти во износ од над 100 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство