Во Охрид првпат отворен Велигденски саем со хуманитарен предзнак

Од:

Локалната самоуправа на Охрид, заедно со ЈП „Градски пазар“ и Општинската организација на Црвениот крст оваа година првпат по повод Велигденските празници организараат саем, како активност насочена да им се помогне на семејствата од социјално загрозените категории граѓани.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ги повика граѓаните на Охрид да го посетат саемот, да купат нешто и на тој начин да дадат свој придонес во помагањето на социјално загрозените сограѓани.

– Ние како локална самоуправа заедно до Градски пазар и со Црвениот крст оваа година ќе подготвиме дваесетина пакети за социјално загрозените семејства што ќе им бидат доделени во текот на утрешниот ден, истакна Бакрачески.

Директорот на „Градски пазар“ Тони Коталески истакна дека се предвидува оваа манифестација да добие на масовност со годините, со учество на поголем број фирми и организации.

Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство што партиципира во саемот, истакна дека покрај поддршката на ваквите активности, институцијата тука ги презентира своите производи, како велигденски козињак, пекарски и слаткарски производи, салати…

– Тоа се дел од нашата кетеринг-програма што наскоро ќе ја презентираме, производи со висок квалитет и пристојни цени, истакна таа.

Саемот ќе трае три дена, а во рамки на него свои штандови имаат уметници од градот како и основни училишта со свои ракотворби, велигденски декорации и украси. Средствата собрани од продадените украси целосно ќе бидат наменети за социјално ранливите категории граѓани, додека производители на пецива, слатки своите производи ги продаваат по симболични цени.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство