Во Охрид на прослава 8 заразени од коронавирус, по свадба во Скопје позитивни 14 случаи

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека во Охрид, од семејна прослава на која имало околу 200 луѓе, има 8 позитивни на коронавирусот, додека 40 контакти се во изолација.

Друг нов кластер има во Скопје, каде што  имало свадба на која биле присутни 100 лица. Од нив, досега се евидентирани 14 позитивни на Ковид-19.

Филипче рече дека епидемиолозите во случајов имале голем проблем, бидејќи присутните на свадбата одбивале да соработуваат.

Според него, голем проблем во земјава претставува фактот што голем број од заболените од коронавирусот не даваат точни податоци на епидемиолошката анкета и одбиваат да ги кажат контактите.

„Уште еднаш апелирам да се кажуваат точни податоци, бидејќи имаме неколку случаи во кои поради неточни податоци повеќе здравствени работници сега се во изолација. Оваа битка здравствените работници не можат да ја добијат сами“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он