А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Охрид исечени гуми на возило на УЈП

by А1он16/01/2015 - 12:35361
Share0

За време на синоќешните редовни инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во Охрид, оштетено е службено возило на УЈП со регистарски таблички СК 3135 АЦ, паркирано во близина на плоштадот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти УЈП, со остар предмет се исечени сите четири гуми на возилото.

Министерството за внатрешни работи направи увид.

– Им порачуваме на локалните бизниси и несовесните граѓани дека користењето насилни методи кон даночниците и уништувањето на јавните добра како службени возила,…, купени со парите од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Македонија, нема да ги спречи, ниту да ги одложи инспекциските контроли. Напротив, само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон… работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, наведува Управата за јавни приходи.

Во рамки на редовните контроли спроведени ноќта меѓу 15 и 16 јануари во Охрид, исконтролирани се осум угостителски објекти. Во два се утврдени неправилности, „Кадмо“ и „Перла“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Кичево се исконтролирани шест угостителски објекти. Во три е утврден нерегистриран готовинскиот промет.

За објектите кои не издавале фискални сметки изречена времена забрана за вршење дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба до 3.250 евра во денарска противвредност.

ohridujp

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он05/10/2026 - 14:2805/10/2026 - 14:18

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 13:20

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски08/09/2026 - 08:3408/09/2026 - 09:35

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски03/09/2026 - 11:3203/09/2026 - 12:21

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 10:4415/08/2026 - 10:46

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 12:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео