Во Охрид денеска треба да почне повтореното судење за убиството на Димитар Матилоски

Од:

Пред Основниот суд во Охрид денеска треба да биде одржано првото рочиште од повторениот процес против српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (30) обвинет за убиство на охриѓанецот Димитар Матилоски (27).

Судот во Охрид на првото судење го прогласи обвинетиот за виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото рочиште по предметот одржано на 15 декември 2016 година обвинетиот целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело.

Одбраната потоа ја обжали одлуката и пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки во врати предметот на повторено судење.

На првото појавување после одлуката на Апелација обвинетиот целосно го смена исказот по однос обвинението, изјаснувајќи се невин за делото што му се става на товар. Менувањето на исказот правно гледано значи потреба од отпочнување сосема нов судски процес, а поради неизрекување правосилна казна во рок од една година, на обвинетиот му беше укината мерката притвор и тој доби можност да се брани од слобода.

Убиството на Матилоски се случи на самата новогодишна ноќ на дочекот на 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во самиот центар на Охрид.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски