Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Од:

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Според најавите од кабинетот на српскиот претседател, како што јави дописникот на МИА, тема на состанокот е поврзување на пазарите на земјите од регионот и отстранување на различните бариери за водење бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.

– Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан, објави Заев на својот профил на Фејсбук, додавајќи дека за оваа тема денеска ќе разговара со Вучиќ и Рама.

Според Заев, постои неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан.

Според неофицијални извори на синоќешната вечера било разговарано и за Декларацијата која треба да биде усвоена на денешната трилатерална средба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога