Во Неготино регистрирани 42 пожари

Од:

Вкупно 42 пожара се регистрирани во територијалната противпожарна единица во Неготино за десетте месеци од годината, а неколку од нив биле предизвикани од неисчистени оџаци и потпалени контејнери за време на грејна сезона.

Ова го истакна денеска командирот на ППЕ, Иле Илиев, кој апелираше на редовно чистење на оџаците како и поголема внимателност од страна на граѓаните.

– Од вкупната бројка пожари 11 беа кај објекти, а 19 на отворен простор. Интервениравме и при сообраќајни незгоди  и поплавени објекти. Граѓаните треба три пати годишно да ги чистат оџаците и да не истураат жар во контејнерите, којашто многу бргу може да пламне, рече Илиев.

Тој нагласи дека најважно од се е да се зголеми свеста кај населението од опасноста од пожари и потсети дека превентивните мерки се зајголема заштита од пламените јазици кои можат да остават и катастрофални последици позади себе.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Горан Наумовски

До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни

Регистрирани се осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола

Горан Наумовски

Пожарникарите изгаснаа 18 пожари, еден е сè уште активен

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Предраг Петровиќ