Во модуларната болница во Тетово имало 26 пациенти, 12-те преживеани се во тетовската болница

Од:

Во модуларната болница во Тетово, која вчера изгоре до темел, имало 26 пациенти, од кои засега, според обвинителство, има 14 жртви. Се уште не е позната возраста на настраданите лица во пожарот и во моментов се врши нивна идентификација во Институтот за судска медицина.

Меѓу настраданите нема медицински персонал, а неколкумина се со полесни повреди.

Извори од истрагата за „А1он“ тврдат дека не билe најдени никакви дефекти во електричната инсталација и се уште се утврдуваат причините за настанувањето на пожарот, кој се распламти за само неколку минути и го зафати целиот објект.

Преживеаните 12 пациенти се сместени во тетовската болница, односно ниту еден не е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Владата во 10 часот ќе одржи седница на која единствена точка е вчерашниот пожар во Тетово. Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се уште немаат излезено во јавност со изјави за медиумите.

Од Министерството за здравство преку соопштение изразија сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.

„Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Две години од трагедијата во модуларната во Тетово, роднините на жртвите бараат ново обвинение

Катерина Ѓуровски

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство

Беким Сали: Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а Ковачевски и Меџити го наградија Анѓушев

Орце Костов