Во кумановски училишта преку фудбал се подига свеста за борба против дрогата

Од:

Ученици од 14 основни училишта од Куманово учествуваа на мини турнир во фудбал во спортската сала на „Перо Наков“ во рамки на манифестацијата „Спорт да, дрога не“.

Активноста има цел да го промовира спортот, музиката, културните активности, а ја организираат Одделот за превенција од СВР Куманово во соработка со општинскиот Сојуз на училиши спортови.

– Манифестацијата нема натпреварувачки карарактер. Од секое училиште има пријавено ученици машки и женски екипи во мал фудбал и по случаен избор се формираат по четири екипи. Целта е дружење, комуникација, меѓусебна соработка во постигнување на една цел – денеска да се победи во натпреварот, а во животот да се победи против пороците, зависностите кои што се со штетни последици по младите лица, изјави раководителот на Одделот за превенција од СВР Куманово, Виолета Богдановска.

Претседателот на општинскиот Сојуз на спортови, Ивица Ѓорѓиевски истакна дека Сојузот ги поддржува овие активности со единствена цел да се промовира здравиот начин на живот меѓу младите.

Активносите во рамките на овој проект се спроведуваат десет години и има влијание врз намалување на бројот на наркозависници.

Освен, спортски активности во рамки на проектот се одржуваат и едукативни трибини, предавања, работилници, со целна група ученици од шесто до деветто одделение, а во средно образование вклучени се родители, наставници и на секоја средба надлежните од СВР Куманово укажуваат за последиците од злоупотреба на дрога.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски