Во кумановската гимназија одбележани 114 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

Во Куманово денеска беа одбележани 114 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев и 72 години од постоењето на гимназијата што го носи неговото име.

Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на Здружението на борците, Здружението на армиски и полициски ветерани, општината, советот, политичките партии и други.

– Без знаење нема светлост, без светлост нема слобода, без жртви и тешко минато нема среќен народ, горди сме што го имаме Гоце Делчев и луѓето како него кои рекоа не на ропството, покорот. Денеска е ден на нашето училиште кога се навршуваат 114 години од смртта на нашиот револуционер, идеолог и учител Гоце Делчев, и 72 години од постоење на нашето училиште, рече директорката на гиманзијата Соња Тодоровска.

Учениците говореа за ликот и делото на Делчев, истакнувајќи дека се горди што учат во училиште кое го носи името на револуционерот.

Градоначалникот на општина Куманово, изрази задоволство што се прославува патронот на гимназијата во присуство на претсваници на училиште од Санкт Петербург и дека е чест што се прославуваат 114 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев.

Тој потсети дека се одбележува и денот на смртта од загинувањето на Јосип Борз Тито, посочувајќи дека без разлика што некои го почитуваат, а некои не, тој рече сепак е историска личност.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, истакна дека општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ веќе 25 години положува цвеќе и на денот на раѓањето и на денот на загинувањето на Делчев.

Делчев бил убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он