Во кумановската Дива населба се поправа водоводната мрежа

Од:

Во кумановската населба Тоде Мендол, каде што пред еден месец се одвиваше полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група, од денеска се работи на замена на канализациската и водоводната мрежа.

Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски информира дека средствата за овој проект се озбезбедни од Општината и од Министертвото за животна средина и просторно планирање, а изведувач, е јавното претпријатие.

– Се надеваме дека за две недели ќе бидат завршени градежните работи на терен на улицата „Перо Илиевски„, информираше Стојковски.

Жителите на ова населено место бараат од локалната самоуправа и Владата да помогнат преку формирање тело за вадење на потребната документација која ќе биде неопходна кога ќе завршат процедурите и кога ќе се отпочне со санацијата на оштетените објекти.

Посочуваат дека покрај од институциите помош добивааат и од граѓаните. Ги очекуваат официјалните информации од проценките на штетите.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе