Во Куманово втор ден од акцијата за бесплатни прегледи на срце

Од:

Повеќе од 1.000 граѓани на Куманово денеска и вчера ги искористија бесплатните прегледи и се консултураа со лекарите од „Аџибадем Систина“ во рамки на кампањата за здраво срце и за третман и превенција од кардиоваскуларни заболувања.

– Целта на кампањата е да се подигне свеста на граѓаните за превентивни прегледи од кардиоваскуларните заболувања кои и покрај сите напори на здравствените установи не се намалуваат. Во светот е прва причина за смрт, а кај нас има тренд на пораст, изјави кардиологот Жарко Христовски.

Според него, кај поголем број граѓани кои се прегледаа забележани се хипертензија, дијабетес, зголемена телесна тежина.

– Граѓаните во анкетните листови презентираа навики кои укажуваат на нерегуларен начин на водење живот. Затоа укажуваме дека е потребно да се прават редовни прегледи. Навременото препознавање овозможува поголема ефикасност при лекувањето, рече Христовски.

Граѓаните во специјално опремената мобилна болница имаа можност да се едуцираат за здрав начин на живот и грижа за своето здравје со намалување на ризик-факторите кои се директни причинители за кардиоваскуларните заболувања, преку мерење на телесна тежина и висина, одредување на индекс на телесна маса, мерење на нивото на холестерол во крвта, ЕКГ и други испитувања.

Акцијата утре продолжува во Тетово.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски