Во Куманово се отстрануваат времени објекти заради проширување на улици во централно градско подрачје

Од:

По пауза од неколку месеци, општина Куманово продолжи со отстранување на времени објекти-бараки на улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“. Објектите се отстрануваат бидејќи ќе се проширува улицата „11 Ноември“, соопштија денеска од секторот за инспекциски надзор.

– Во тек е отстранување на времените објекти (бараки) на улица „11 Октомври“, со цел да се реконструира кракот на улица „11 Ноември“ кој е од суштинско значење за намалување на метежот во сообраќајот на улицата „11 Октомври“, на локација кај старата џамија, објави на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно акцијата за отстранување на објектите почна во декември, минатата година. На тој дел од Куманово има 24 времени објекти од кои сите, освен, два се во сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Раководителот на одделението за инспекциски надзор, Бобан Бојковски, информираше дека постапките за отстранување за објектите, сопственост на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор се завршени минатата година, а завршени е и постапката за двата објекти кои се во приватна сопственост.

– Се очекува отстранувањето на објектите да заврши до крајот на неделава. Времените објекти ќе бидат пренесени на добиточниот пазар, изјави Бојковски.

Минатата година, поради проширување на улицата „Гоце Делчев“ и изградба на автобуски постојки беа отстранети четири времени објекти.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски