Во Куманово се одржа манифестацијата „Небо од меурчиња“

Од:

„Небо од меурчиња“ е насловен интернационалниот настан кој се оддржа денеска на градскиот плоштад во Куманово во организација на невладината организација Центар за меѓукултурен дијалог, волонтери од студентска организација од Полска во соработка со општина Куманово.

Меурчиња од сапуница го покрија небото во Куманово, а за ваквата необична глетка придонесоа младите и граѓаните кои со интерес ја следеа манифестацијата.

– Настанот по прв пат се организира во градот. Има за цел приближување на младите, градење на довребата инадминување на различностите, вели Александра Тасиќ од младинската организација, Центар за меѓукултурен дијалог.

Младите од Ползен и Куманово си даваа поддршка меѓусебе преку интерент врска.

– Ваков настан секоја година се оддржува во Полска и во Барселона, но денешнава манифестација за прв пат се оддржува истовремено во два европски града. Оваа е навистина извонреден и забавен начин да градиме заединичка доверба, изјави Паулина Позел од студентска организација од Полска.
Граѓаните на плоштадот, освен што се забавуваа со правње меурчиња од сапуница, имаа можност да проследат и анимации, настапи на локални бендови, на танцови двојки. Организаторите најавуваат дека оваа манифестација ќе стане традиционална и дека ќе поканат млади од државата и заеднички со младите од европските градови ќе се обидат да го урнат гинисовиот рекорд во заедничко правење меурчиња.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски