Во Куманово промовиран проект за инклузивно образование на деца со посебни потреби

Од:

Промовирање еднаквост и инклузивно образование за сите ученици, е целта на проектот „Инклузивно образование на деца со посебни потреби“, што го спроведува Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово, заедно со кумановските училишта „Толи Зордумис“ и „Киро Бурназ“.

Проектот беше промовиран денеска во Занаетскиот дом, а присуствуваа ученици и наставници од повеќе држави Романија, Полска, Франција и домаќинот Македонија.

– Задачата на македонскиот тим е да изработи прирачник за учители и наставници во основни и средни училишта за инклузивно образование. Преку овие меѓународни средби наставниците имаат можност да разменуваат искуства со нивните колеги од други земји учеснички и крајната цел е прирачникот да им послужи на сите релевантни фактори во државата од кои зависи процесот на инклузивно образование, изјави Светлана Димитриевска од „Порака Наша“.

Главната цел на проектот е промовирање еднаквост на инволвираните чинители во образованието, без разлика дали се попречени или не. Втората цел, појасни координаторот на проектот, Бети Гијен Лану од Асоцијацијата „Култура 21“ од Франција, е да се зголемат вештините на наставниците кои работат со децата со попреченост, односно да се зголеми нивното знаење и техниките што ги користат при работа со нив. Преку проектот вклучените меѓусебе се запознаваат и градат основи за понатамошна соработка и размена на идеи.

И во европските држави и покрај посветеноста на наставниците, велат одговорните од проектот, потребна е доедукација и тренинг на кадарот, на персоналните асистенти.

Европскиот проект „Best“ – Најдобри ученици преку најдобри професори се одвива во рамки на Еразмус плус програмата на Европската комисија која дава поддршка во областа на образованието, обуките, младите и спортот. Досега биле остварени средби во Франција, Романија и Полска, на кои како партнер учествуваа и претставници од „Порака Наша“ и училиштата.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски