Во Куманово продолжи судењето за убиството на четиригодишниот Алмир

Од:

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите од адвокатите на инволвираните во случајот, Асмир Алиспаиќ и Стеван Павлески и обвинителството, денеска била разгледана видео снимката направена на барање на обвинителството за интензитетот и фрекфенцијата на сообраќајот во тој дел од градот за време на празникот Раманазан.

Наредното рочиште е закажано за 15 ноември, годинава.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане