Во Куманово откажани настани и манифестации поради трагичната автобуска несреќа

Од:

Во Куманово се откажани сите културни настани, како и настани поврзани со одбележување на празникот Свети Трифун, поради прогласените Денови на жалост за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Надлежните од кумановскиот театар, изразуваат сочуство на семејствата на загинатите во во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера.

– Денеска и утре се денови на жалост и Театар Куманово ја откажува вечерашната претстава „Мани мани мани”. Сите оние кои што купија билети, можат да ги искористат за следна изведба (19.02.2019), се наведува во соопштението на кумановскиот театар.

И средното стручно земјоделско училиште „Киро Бурназ“ ја откажа манифестацијата за закројување на лозјето, во знак на жалост за трагично загинатите од сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане