Во Куманово околу 1.000 лица користат право на детски додаток

Од:

Во Куманово околу 1.000 лица годишно користат детски додаток. Право на детски додаток остварува еден од родителите на детето, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење, за дете, исто така, македонски државјанин и редовен ученик, информираат од Центарот за социјални работи Куманово.

Детскиот додаток изнесува 744 денари за деца во основните училишта, додека средношколците добиваат по 1.180 денари.

Заинтересираните може да поднесат барање во Центарот за социјални работи, а самото барање ги опфаќа и потребните документи за оставрување на ова право. Детскиот додаток како паричен надоместок се обезбедува за покривање на дел од трошоците во подигањето и развојот на детето.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане