Во Куманово одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри

Од:

Здружението на медицински сестри од Куманово денеска со пригодна манифестација ќе го одбележи Меѓународниот ден на медицинските сестри. Во просториите на кумановската болница, Здружението ќе ги награди најистакнатите медицински сестри за минатата година.

Како што соопшти потпретседателката на локалното Здружение на медицински сестри, Јадранка Ташевска, пофалници ќе бидат доделени на шест медицински сестри од кои четири се вработени во кумановската болница, а две во Здравствениот дом.

– За нас како Здружение, исклучителна важност има овој ден кога се потенцира значењето на нашата професијата. Но, мора да се истакне дека е потребна и поголема поддршка од сите надлежни институции, како и од медиумите преку кои ќе се запознае јавноста со хуманиот аспект на професијата, пожртвуваноста, негата и грижата која ја пружаме на пациентите, изјави Ташевска.

Таа информираше дека на државно ниво три медицински сестри од кумановските здравствени установи ќе добијат пофалници за нивната работа.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува секоја година на 12 мај во знак на сеќавање на денот на раѓањето на болничарката Флоренс Најтингејл која ја предводела првата група на жени кои се грижеле за ранетите војници во Турција. Од 5-ти до 12-ти мај се одбележува Меѓународната недела на медицински сестри и акушерки.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе