Во Куманово одбележани 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Во гимназијата „Гоце Делчев“ денеска беа одбележани 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер, хуманист и визионер Гоце Делчев.

Повеќе делегации, од училиштето, Советот на општина Куманово, политички партии и граѓански организации положија цвеќе пред бистата на великанот во дворот на кумановската гимназија.
Директорот на гимназијата Горан Димитријевиќ истакна дека гимназијата 71 година достојно го носи името на Гоце Делчев и додаде оти неговиот лик и дело се патоказ за сегашните и идните генерации.

– Ликот на Гоце Делчев и неговото дело секогаш биле и ќе бидат пример за сите генерации Македонци. Нам ни преостанува со нашите постапки да ја заслужиме достојноста за да се наречеме негови следбеници, истакнаа учениците на денешното одбележување на 144-годишнината од раѓањето на Делчев.

Средношколците прочитаа дел од биографијата на револуционерот и поезија во чест на македонскиот визионер.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он