Во Куманово мирно, двете улици се уште блокирани

Од:

Во Куманово денеска е мирно.  Двете улици во центарот на градот „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“ и натаму се блокирани за сообраќај, забележливо е зголемено полициско присуство, но пешаците можат непречено да поминуваат.

МВР вчера информираше дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово. И во денешниот извештај на Регионалниот Центар за управување со кризи, се пренесува информација дека добиле известување дека улиците се блокирани поради превентивни полициски активности.

На овие улици се сместени државни институции и установи, судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски Пошти“, како и неколку подружници на државни институции.

Во текот на вчерашниот ден и кумановскиот градоначалник, Зоран Дамајновски, апелираше да не се шират шпекулации и конструкции за зголеменото полициско присуство и блокираните улици во центарот на градот, додека МВР не излезе со официјални информации. И тој рече дека добил информации оти станува збор за засилени мерки за зголемена безбедност во градот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе