Во Куманово ќе продолжи проектот за енергетска ефикасност и наредната година

Од:

Горан Митевски од општина Куманово информираше дека во општината и идната година ќе продолжат започнатите проекти за енергетска ефикасност на дел од зградите во поширокото централно градско подрачје, кои ги псроведува Хабитат со 20 процентно учество на општината.

Тој објасни дека само половина од пријавените згради го реализирале проектот.

– Не сум задоволен од реализацијата на проектот, која требаше да биде поинтензивна. Како општина им стоиме на располагање, меѓутоа куќните совети и сопствениците на станови треба да имаат консензуален став во однос на овој проект и треба да дадат согласност де се реализира, ијзави Митевски.

Како што кажа тој во наредниот период ќе се реализира голем проект од кој краен бенефит би имале граѓаните, односно да се спои проектот за енергетска ефикасност со проектот за гасификација на колективните згради.

За почеток ќе биде одбрана една зграда каде ќе се спроведат двата проекта. Сепак, посочи, потребно е Советот да донесе одлука, а според него општината ќе има учество во постоечките рамки.

Во текот на наредната година, како што најави, ќе се изработи и регистар на станбени единици, кој ќе биде достапен и на општинската веб-страница.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка