Во Куманово „Детски семафор“ по 56. пат

Од:

Во организација на СВР Куманово, денеска во кумановското „Толи Зордумис“ се одржа 56-тиот регионален натпревар „Детски семафор“ за ученици од основни училишта и „Сообраќајно-техничка култура на млади“ за ученици од средни училишта.

На натпреварот учествуваа пет основни и шест средни училишта од градовите од североисточниот регион. Целта на натпреварот, соопшти Виолета Богдановска од СВР Куманово е да се подигне јавната свест за безбедно учество во сообраќајот, почитување на сообраќајни правила и прописи, почитување на сите учесници во сообраќајот и што поголема сообраќајна култура, почнувајќи од најмала возраст.

– Учениците се натпреварува со полагање на теоретски дел-тестови и практичен дел – вешто возење на велосипед за основни училишта и вешто возење на моторцикл за средни училишта и теоретско познавање на правила и прописи со полагање на тест по електронски пат, изјави Богдановска.

Манифестацијата ја организира СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и секторите за образование во општините што ги покрива СВР Куманово: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово. Најдобрите од овој натпревар ќе учествуваат на државниот натпревар што ќе се одржи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе