Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица

Од:

Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица, информираше претседателот на Општинската изборна комисија Звонимир Николовски.

За референдумот право на глас имаат 92.560 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.

Осум болни и изнемоштени лица и две лица во куќен притвор гласаат во Липково. Според претседателот на ОИК Липково, Лирим Шабани право на глас на референдумот имаат 25.200 лица кои гласаат на 36 избирачки места.

Во општина Старо Нагоричане нема пријавени болни и немоќни лица за гласање. Во оваа општина право на глас за референдумот имаат 3.363 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места, информираше претседателот на ОИК, Драган Јовановски.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска