Во Куманово ангажирани 20 невработени преку проект „Локална прегратка“

Од:

Дваесетина невработени лица се ангажирани во рамки на проектот за општо корисна работа насловен „Локална прегратка“ кој што беше промовиран денеска во општината.

Дел од ангажираните невработени ќе помагаат на лицата со интелектуална попреченост во двата дневни центра, дел ќе им помагаат на децата со попреченост опфатени во инклузивното образование, четворица ќе им помагаат на стари и изнемоштени лица во градот.

– Општината ќе продолжи да дава придонес и значење на овие наши сограѓани, нема да дозволиме да останат маргинализирани ни во општина Куманово ни во државата. Воедно, ја користам приликата да се заблагодарам на државните надлежни органи, АВРМ и на УНДП кои што дадоа свој придонес за реализација на проектот, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој рече дека е битна поддршката на сите чинители во општеството за реализација на вакви проекти и дека е значајно да се вклучат и приватните субјекти, бидејќи неофицијалните бројки на лица со попреченост се значително поголеми во однос на официјалната која изнесува 600 -тини лица регистрирани на подрачјето на општината.
Невработените лица кои се ангажирани во овој проект ќе добиваат финансиски надоместок од 9.000 денари, и како ангажирани ќе имаат можност да се стекнат со искуство кое понатаму ќе им помогне полесно да се снајдат на пазарот на трудот.

Бенефит од проектот ќе имаат лицата со попреченост кои ги користат услугите на дневните центри, информираше координаторот на проектот Татјана Стефановска.

Таму ќе бидат ангажирани ментори кои ќе им помагаат за полесна инклузија преку спорт, музика, драма, креативно изразување. Образовните асистенити ќе им помагаат на децата со попреченост опфатени во образованието во неколку училишта преку индивидуална работа. Годинава, новина е што ќе бидат ангажирани лица кои ќе им помагаат на старите и изнемоштените при секојдневна поддршка во извршување домашни активности, пазарење, придружба до лекари и слични активности.

Општина Куманово шеста година по ред реализира проект за општо корисна работа.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски