Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираше попладнево Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

– Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам, појаснија од Обвинителството.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

-Од лице место подигнати биле траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител, соопштија од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Приведен 54-годишен штипјанец откако под дејство на алкохол си ја убил мајка си

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница во Босански Шамац

Се бара притвор за пациентот од „Бардовци“ кој уби маж кој се лекувал во болницата