Во Кривичниот суд утре ќе се пуштаат снимките од „Поткуп“

Од:

Утре во кривичниот суд треба да сведочи бизнисменот Иван Николов Сачевалиев во предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Сачевалиев не се појавуваше на досегашните судски рочишта за предметот, а на последното, судијата рече дека успеале телефонски да го добијат за да дојде на утрешното судење.

Судот му го прифати брањето на Зоран Заев и на неговите адвокати, снимките за „Поткуп“, обезбедени како посебни истражни мерки да бидат изведени во пристство на јавноста.

Заев рече дека побарал јавноста да биде присутна поради фактот дека е премиер и претседател на најголемата политичка партија, со цел да поврати дел од загубената чест и углед во јавноста што му биле нарушени со нивното делумно објавување.

Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед. Неговиот адвокат, Филип Медарски, посочи дека снимките биле објавени за политичка егзекуција на Заев во јавноста.

„Снимките веќе претходно беа објавени во јавноста на начин што со прекините им даваат сосема поинакво значење“, рече Медарски.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција се изјасни дека е против ваквиот предлог бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.

В. М.

Би можело да ве интересира

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија