Во Кривичен суд рочиште за „Титаник“ без Груевски

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил.

Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот попладне тој се бара и со потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски, кој исто така е еден од обвинетите во случајот од рано изутрина се во притвор.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток