Во Кривичен пристигна целиот предмет за трагедијата во Кочани

Од:

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.

Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е определен како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение кој по примерот ќе го достави актот до обвинетите по што започнува Законскиот рок за приговор на истиот.

-По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена за исходот странките и јавноста, ќе биде навремено известени, стои во соопштението од Кривичен суд.

Оттаму потсетуваат дека Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлог на Апелациониот суд Штип, донесе одлука Основниот кривичен суд Скопје да биде надлежен за постапување по конкретен предмет, поради недоволен број кривични судии во судовите во Штип и Струмица. Одлуката е донесена врз основа на анализа на кадровските и техничките капацитети, како и сложеноста и јавниот интерес на предметот и во неа се нагласува потребата од искусни судии кои ќе обезбедат ефикасно, стручно и законито постапување.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март

Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“