Во Крива Паланка отворена 23. Летна архитектонска школа

Од:

Во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од денеска до 13 јули ќе се одржи 23. сесија на Меѓународната летна школа за архитектура.

Темата на годинашната сесија на школата, организирана од Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, е „Капела за природата“, а учествуваат студенти по архитектура од земјава и од странство. Со сесијата ќе раководи доц.д-р Јован Илиевски, а гостин-тутор е познатиот фински архитект Сами Ринтала.

Студентите и професорите во наредната седмица ќе разменуваат искуства од областа на архитектурата, ќе творат во духовниот амбиент на манастирот, кој ја поттикнува креативноста на учесниците.

Традиционално школата ќе биде затворена на 13 јули со изложба на делата од учесниците во галеријата на стариот конак на манастирот.

Меѓународната летна школа за архитектура се одржува со поддршка од Министерството за образование и наука, во соработка со МПЦ и манастирот Св. Јоаким Осоговски и општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка