Во Крива Паланка наврнаа 19 литри дожд на квадратен метар

Од:

Деветнаесет литри дожд на квадратен метар наврнаа до 17 часот во Крива Паланка, 14 во Виница, 12 во Берово, шест во Маврово, пет кај Зајчев рид во Скопје и во Лазарополе, четири во Ѓуриште, информира попладнево Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вечерните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и силен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираа од УХМР.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски