Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Од:

Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајанов Трло во Кочани изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.

Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.

На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот се ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното претпријатие „Водовод“, како и месното население.

-И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста Диви градби, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарот во населбата Трајаново Трло избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари