А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кичево преполовен прометот на угостителите, дел од вработените на привремен одмор

by А1он20/08/2021 - 18:2520/08/2021 - 18:27315
Share0

Новите мерки на Владата за заштита од Ковид – 19 и задолжителниот сертификат како доказ дека гостите се вакцинирани со барем една доза вакцина придонесе угостителските објекти во Кичево да го преполоват прометот, а дел да заминат на привремен одмор.

Добивај вести на вибер

-Со стапувањето во сила на новите мерки на Владата е неопходно гостите во локалот на влез да покажат сертификат дека се барем еднаш вакцинирани против овој вирус или прележале ковид пред најмногу 45 дена.Бидејќи во нашите локали поголемиот број на гости се помлади лица, познато беше од порано дека повеќето од нив се немаат вакцинирано против ковид 19 , што ги оневозможува да бидат наши гости. Затоа од стапувањеето во сила на новите мерки прометот е намален за 50- 60 отсто, велат вработени во повеќе локали во градот.

Бидејќи поголемиот број на гостите во локалите се помлади лица под 40 години, дел угостителски објекти ја искористија можноста во наредните три недели да заминат на колективен одмор по враќањето од одмор очекуваат поголемиот број млади да бидат вакцинирани и да се стекнат со неопходниот сетификат.

-Деновиве имаме голем број на помлади лица кои сакаат да се вакцинираат против Ковид 19.Бидејќи дневно вакцинираме од 300 до 400 претежно помлали пациенти , очекуваме во наредните три седмици да бидат вакцинирани над 4000 наши сограѓани претежно под 40 годишна возраст, вели Мира Мососка од Здравствениот дом во Кичево.

По зголемениот обем на вакцинација на помладите, тие ќе бидат во можност да го добијат задолжителниот сертификат за вакцинација и без проблеми да бидат гости во некој од угостителските објекти.

kafulinjakicevokoronavirus mkdugostiteli

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:2115/02/2026 - 19:25

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски05/01/2026 - 11:1105/01/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен