Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Од:

Физички напад и закана од сопрузите, пријавиле две сопруги во полицијата во Кавадарци и во Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.П.(37) од Росоман, постапувајќи по пријава од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом во Кавадарци физички ја нападнал. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека синоќа во 18 часот во Полициската станица Неготино, 34-годишна неготинчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Д., со кој не живеела заедно, ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он