Во ЈЗУ пружена здравствена заштита на 265 мигранти

Од:

Во јавно здравствените установи пружена е здравствена заштита на 265 мигранти, соопшти денеска МВР.

На влезна точка Гевгелија, согласно препораките на Светска здравствена и организација на мигрантите овозможена им е вакцинација против сипаници, заушки и црвенка (МРП), како и против детска парализа (ПОЛИО), за која досега се согласиле да ја примат и се вакцинирани 50 лица.

Секојдневно од страна на Центрите за јавно здравје, се посочува во соопштението, се спроведува дезинфекција на просторот на железничките станици и околината каде се задржуваат мигрантите во Гевгелија Куманово,Табановце на површина од 2600м2/дневно, како и дезинфекција на возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија- Куманово/Табановце на површина од 2000м2 /дневно.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст изминатиот викенд пружиле прва помош на вкупно 370 лица, од кои 169 интервенции на мигрантите кои пристигнале на железничката станица Табановце, а останатите 201 интервенции на желеничката станица во Гевгелија.

Екипите на Црвен крст, поради идентификуваната сериозна здравствена состојба, извршиле транспорт на 5 лица до гевгелиската општа болница. По укажаната медицинска асистенција, лицата во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

За време на викендот, екипите на Црвен крст, лоцирани на железничките станици во Табановце и Гевгелија, дистрибуирале вкупно 483 шишиња вода, 67 пакети со храна, 64 хигиенски пакети за жени, 48 хигиенски пакети за мажи, 38 пакети за самопомош и 53 пакети за бебе.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто