Во изминатите 24 часа осум сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 32 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 18 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 27 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 40 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Вера Циривири Трена“ и „Владо Тасевски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Карпош.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември денеска со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционална есенска планинарска тура, која ќе се одржи на падините на Водно. Стартот е пред Институтот за сеизмологија, а целта е на Средно Водно. Со цел безбедно одвивање на оваа манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен