Во гостиварското село Чајле започна изградба на канализација

Од:

Гостиварското село Чајле наскоро ќе добие канализација за отпадни води. Работите започнаа со ископ во близина на основното училиште, а во наредниов период ќе се работи на подготовка за поставување на канализација во деловите од селото низ кој нема канализациска мрежа.

– Работите за изградба на канализациска линија започнуваат со кракот во должина од 150 метри која ќе се приклучи на главната канализација. Во завршна фаза се подготовките за изградба на канализација во делот од селото што сé уште не е опфатено со канализација. По ова сите домаќинства во селото ќе може да приклучат на фекалната канализација и овој проблем трајно да биде решен, вели Исак Лазами – директор на ЈП „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски