Во Гостивар се намалува бројот на нови пациенти со стомачни тегоби

Од:

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и седум прегледи во Ургентниот центар.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош, информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче