Во Гостивар и Врапчиште одѕивот до 13 часот околу 20 проценти

Од:

Во двете полошки општини, Гостивар и Врапчиште според извештајите од изборните комисии излезноста до 13 часот изнесува околу 20 отсто.

Во општина Гостивар од запишаните 75.139 гласачи, до 13 часот правото на глас го оствариле 17.250 што е приближно 23 проценти. Регистрирани биле помали нерегуларности, кои не предизвикале прекини или нарушување на изборниот процес.

Во општина Врапчиште,пак, на гласање излегле 4.493 лица или приближно 20 проценти.

Во двете полошки општини со близу 100 илјади гласачи, заради болест или изнемоштеност, вчера 608 лица можеа да го остварат своето право на глас.

Би можело да ве интересира

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 затвореници на изборите за градоначалник во Брвеница

А1он

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%