Во Гостивар ДУИ со девет советници, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со по четири

Од:

Според податоците што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) во советот на општина Гостивар најмногу мандати ќе има ДУИ – девет. За нивата листа гласале 8.428 гласачи односно 24, 78%.

Втора по бројност ќе биде советничката група на Алијансата за албанците со седум членови, а нивната листа на неделните избори добила поддршка од 6.822 гласа (20,05%). По четири мандати освоија коалициите предводени од СДСМ 4.510 и ВМРО-ДПМНЕ 4.603, за нив гласале (13,26%), односно (13,53%) од избирачите.

Три политички партии во новиот состав на гостиварскиот совет ќе бидат застапени со по двајца претставници. Коалицијата на Националната демократска преродба (НДП) и Унитети освоија два мандати со 1.891 (5, 56%) од гласовите . По толку имаат и Движењето Беса за освоени 2.155 гласа (6,33%) и Демократската партија на Турците (ДПТ) со 2.176 (6,40%). Еден мандат освои Движењето за национало единство на турците (ДНЕТ) кои добија 1.126 гласови (3,31%). Демократската партија на албанците ДПА со 914 гласа (2,69%) не освои ниту еден мандат.

Во општина Гостивар на локалните избори вкупно гласале 34.022 лица (42,72%), а 1.392 ливчиња биле не важечки.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината