Во Гинеколошката болница во Чаир годинава извршени 2.511 породувања, за 300 повеќе од лани

Од:

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир зголемен е бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година.

Од почетокот на оваа година, па до крај на јули се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на истиот период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања.

Како што соопшти Министерството за здравство, од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19 работата во оваа болница тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

„Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, е задолжително носење заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот, информираат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.

Инаку, по 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во болницата во Чаир, а значајна новина е и гасификација на оваа јавна здравствена установа.
И во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани наведуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија Чаир

Катерина Ѓуровски

Бремена жена почина во чаирска Гинекологија, бебето е спасено

Жарко Настоски

„Мрш стоко и излези надвор!“ – млада Ромка обвинува за лош третман од лекар во Гинекологија Чаир

Жарко Настоски

Малта има највисока стапка на смртност кај новороденчињата во ЕУ

Жарко Настоски

ВИДЕО: Африканка роди девет бебиња, мислеле дека носи седум

Жарко Настоски