По 40 години обновени операционите сали во чаирската гинекологија

Од:

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. Станува збор за реконструкција на простор со површина од 420  квадратни метри, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување, во вредност од 86.061.823 денари.

Реконструиран е простор со површина од 420  квадратни метри со 86.061.823 денари

„Значајна новина е и почнатата гасификација на котелот за парно греење во оваа јавна здравствена установа. Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје“, велат од Министерството за здравство.

Делови од болницата се реновираат првпат по четири децении

Паралелно со активностите за реконструкција и обезбедувањето нова медицинска опрема, од Министерството велат дека во континуитет се врши и надополнување на кадарот и унапредување на експертизата на вработените. Во последните три години во болницата се примени вкупно 46 здравствени работници, од кои 11 доктори, 13 медицински сестри, пет акушерки и останат медицински и немедицински кадар. Исто така, се одобрени пет специјализации, две од областа на анестезиологија и по една за медицинска биохемија, болничка педијатрија и гинекологија и акушерство.

Од Министерството нагласуваат дека и во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи.

Би можело да ве интересира

Бремена жена почина во чаирска Гинекологија, бебето е спасено

Жарко Настоски

„Мрш стоко и излези надвор!“ – млада Ромка обвинува за лош третман од лекар во Гинекологија Чаир

Жарко Настоски

ВИДЕО: Гасифицирана болницата „Мајка Тереза“ во Чаир, прект вреден 17 милиони денари

Ана Ололовска

Архитекти и скопјани: Она што е Ајфеловата кула за Париз, за Скопје е Универзална сала

Маја Илиевска-Пачемска

Во Гинеколошката болница во Чаир годинава извршени 2.511 породувања, за 300 повеќе од лани

А1он

ВИДЕО: Поставени десет прочистувачи за воздух во гинеколошката болница во Чаир