Бремена жена почина во чаирска Гинекологија, бебето е спасено

Од:

23-годишна жена од Скопје, која била бремена во осмиот месец, вчераутро починала во Клиничко-акушерската болница „Мајка Тереза“ во Чаир, каде била донесена во тешка здравствена состојба, соопшти полицијата. Нејзиното бебе е спасено.

„На 19.07.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот во Гинекологија „Чаир“ сo влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец. Според пријавеното, кратко потоа таа починала на Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете“, се вели во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“