Во гевгелиската болница недосасуваат доктори, се чека на специјализантите

Од:

Здравствената заштита на населението во општина Гевгелија се одвива во отежнати услови но на едно задоволително ниво во однос на капацитетите и човечките ресурси со кои располагаме во моментот како и значителната редукција на извршители од сите профили и критично ниво на финансиски средства,оцени денеска Митко Крџев,директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.

– Недостасуваат анестезиолози, педијатри, инфектолози, гинеколози и специјалисти хирурзи. Имаме само еден рентгенолог и моментно проблемите ги решаваме во соработка со Медицинските центри од Штип, Струмица, Куманово и Скопје. Сепак доаѓаат подобри времиња бидејќи наскоро ќе ни се вратат докторите од специјализација, рече Крџев.

Директорот на гевгелиската Општа болница посочи дека до Нова година болницата ќе има по двајца педијатри и гинеколози, а во 2019 година од специјализација ќе се вратат двајца гинеколози, еден хирург, еден невролог и еден педијатар. Испратени се барања за шест нови специјализации, наредните месеци ќе добиеме четири до пет општи доктори и од примениот помошен персонал на одредено време, јасно е дека нема потреба од дефетизам, нагласи Крџев.

Општата состојба со здравтвената заштита во општина Гевгелија, директорот Крџев ја оцени како вообичаена за овој период од годината бидејќи не е забележано зголемување на цревните заболувања и инфекции од акутен токсиколошки карактер или инфективни болести од тропските краеви.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството