Во Гевгелија презентиран проектот „На секое дете му треба семејство“

Од:

Над 200 деца одделени од своите семејства поради насилство или злоупотреба, деца со попреченост во развојот и бебиња помали од три години се згрижени во големи институции во земјава и затоа со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизираат доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на овие деца и кои се подготвени да ги отворат срцата и своите домови за нив.

Ова го истакна претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс при обраќањето во Гевгелија на презентацијата на проектот „На секое дете му треба семејство“ што ја организираше Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско село.

По повод почетокот на кампањата, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Гевгелија Лазе Трајков истакна дека најдобрата институција во која можат да растат децата без родители е токму семејството. Децата кои растат без љубов и соодветна грижа, како што рече, подоцна имаат негативно влијание во севкупниот развој и способностите за живот.

Сите заинтересирани кои сакаат да станат згрижувачи можат да се јават на бесплатната телефонска линија 15133 преку која ќе бидат информирани низ какви обуки треба да поминат и што е потребно за да станат згрижувачи. Вакви отворени денови во наредните два месеца ќе се организираат во 30 градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Флекс Кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството

А1он

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа