Во Гевгелија јавна дискусија за мигрантите

Од:

Во рамки на проектот „Глокал Дискусии“ денеска во Гевгелија се одржа јавна дискусија на тема „Мигрантите не се само бројка“ што ја организираше здружението „Диверзити медија“ со панелистите професор Ленче Здравкин и новинарката Сузана Мицева.

Јавната дискусија беше отворена за публиката со цел, како што нагласија организаторите, да им се даде глас на сите да го изразат своето мислење за теми битни за целото општество, затоа што граѓаните имаат ретка можност лично да присуствуваат на актуелни теми со претставници на интелектуалната, академската и експертската јавност на Македонија, а уште помалку добиваат шанси да почувствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови.

– Заради подобрување на состојбата со слободата на говор и поттикнување повеќе дебати и дискусии со кои ќе се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, започнавме со проектот во кој покрај денешнава на уште 11 јавни дискусии ќе се обидиме да создадеме повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво. На граѓаните на цела Македонија ќе им дадеме можност да се изразат и да придонесат за овие теми, рече Назим Рашиди, член на здружението „Диверзити медија“ и новинар во Алсат-М телевизија.

Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града во периодот до август 2016 година. Од нив ќе бидат изработени 12 медиумски производи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми и проблеми во две различни средини.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто